Домашните миленици се членови на нашите семејства, другари во игрите и во слободното време, сопатници
во животот, пријатели со кои градиме силна врска. Ние им ја даваме нашата љубов
и нашето внимание, а тие ни враќаат во многу поголема мера.
Кога таа врска ќе биде нарушена заради болест, повреда или промени во однесувањето се јавува потреба
од лекување, како и многу прашања и стравови поврзани со тоа.
Ние сме вашите советници,сопатници и соговорници за сите прашања и проблеми во врска со вашите
домашни миленици.
Основното правило во нашата работа е да ви ја кажеме вистината за состојбата на вашиот миленик, колку
и да е тоа тешко понекогаш.
Постоиме од 2012 година, а
нашиот стремеж од првиот ден е да ги лекуваме вашите домашни миленици на начин
на кој што ги лекуваме и нашите сопствени домашни миленици, со најголемо
внимание, со огромна сочувствителност, максимална компетентност и голема
совест.
Во сите години од нашето
постоење водиме грижа и за здравјето на фармските животни кое е од исклучителна
важност, како за нивната благосостојба, така и за спречување на потенцијално
опасни заразни болести, вклучувајќи ги и оние кои се пренесуваат врз луѓето.
Покрај редовното спроведување
на наредбата за превенција и искоренување на заразни и паразитски болести,
нашиот тим е секогаш подготвен да одговори на сите проблеми со кои се соочуваат
одгледувачите на фармски животни.
Нашата примарна цел е
највисок квалитет на лекување за секој индивидуален случај и задоволството на
нашите клиенти.